Куче на Тајланд спаси бебе кое мајката го закопала живо

Песот се вика Пинг Понг и го слават како херој бидејќи му го спасил животот на новородено момченце коешто мајката, тинејџерка, го закопала во полето на североистокот од Тајланд за да се отараси од него, соопшти во саботата тамошната полиција.

Момченцето било закопано под слој ѓубре, недалеку од една фарма во округот Чумпуанг, во покраината Накхон Ратчасима, но Пинг Понг го пронашол истиот ден, на 15-ти мај. Песот почнал да копа и да лае, привлекувајќи го вниманието на својот сопственик, локален овчар, кој дошол да види што неговиот миленик нашол.

„Мислам дека кучето го пронашло набргу откако мајката го закпала“, рекол полицаецот Пунуват Удкам, ддоавајќи дека детето се сместено во болница и дека е во добра здравствена состојба.

Против мајката, која има само 15 години, покренета е кривична постпак поради обид за убиство и напуштање на детето. Се товари дека сакала да се отараси од новороденчето, бидејќи стравувала дека нејзините родители ќе се налутат на неа, рекол Удкам.

„Откако го родила сосема сама, го закопала“, додал полицискиот службеник.

Локалните медиуми со големо внимание ја проследија сторијата, а на социјалните мрежи корисниците го фалат Пинг Понг како „кучето – најдробриот пријател“ на човекот, како што резимира едн корисник на Facebook.