Куче одбрани гол

Неверојатен настан на фудбалскиот терен го привлече вниманието на аргентинската јавност.

Имено, додека се играше мечот помеѓу Дефендорес де Белграно и Јувентуд Унида, куче влета на теренот. Но, за ситуацијата да биде уште поинтересна кучето-скитник му помогна на голманот од гостувачкиот тим, одбранувајќи 100 процентна шанса за погодок.

Во прилог, погледнете ја неверојатната одбрана на најголемиот пријател на човекот.