Куче се отргна од стопанот и нападна жена на „Партизанска“

Куче во четвртокот нападнало жена на булеварот „Партизански одреди“, поради што против сопственикот ќе биде поднесен соодветен поднесол, информираше Министерството за внатрешни работи.

Во Полициската станица Карпош 52-годишната Е.Ј. од Скопје, вчера во 17,30 часот пријавила дека истиот ден на булеварот „Партизански Одреди“ била нападната и касната од куче сопственост на 38-годишниот З.Д, исто така, од Скопје, во пределот на десната надлактица.