Куче и три мачки заразени со коронавирусот во Холандија

Холандиските здравствени власти во петокот соопштија за првите потврдени случаи на зараза со коронавирусот кои ги вклучуваат и домашните миленици, соопштија за инфекција кај пес и три мачки.

За песот е утврдено дека го заразил неговиот сопствесни, соопшти министерката за земјоделство, Карол Шоутен,

„Важно е сопствениците на домашните миленици да го следат ова упатство: пациентите со Covid-19 од претпазливост би требало да го избегнуваат контактот со своите животни. Билните животни кои им припаѓаат на луѓе со Covid-19 би требало да престојуваат дома што е можно повеќе“, изјави министерката во писмо упатено до парламентарците.

Холандскиот Национален институт за здравје вели дека постои мал ризик животни да го заразат човекот. Минатиот месец бепе соопштено дека извесен број куни на фарма на југот од Холандија биле заразени со коронавирусот.

Министерката Шоутен во дописот информира и дека 11 мачки кои живееле во близина на споменатата фарма биле тестирани и дека кај три од нив е откриено дека развиле антитела на вирусот, што значи дека веќе го имале во своите организми. Но додава дека во моментов ниедна од нив не е позитивна.

За песот се наведува дека е осумгодиштен американски булдог чиј сопственик бил заболен од Covid-19. Кучето билео успено на 30-ти април, поради сериозни проблеми со дишењето. Иако бил позитивен на тестот на коронавирусот, не е потврдено дали вирусот ги предизвикал проблемите со дишењето кај кучето или некоја друга болест.

Претходно и други држави пријавуваа случаи на зараза на животни со новиот коронавирус.

Минатата седмица шпанскиот Центар за истражување на здравјето на животните (Cresa), потврди дека го регистрирала првиот случај во земјата кога го открила вирусот кај четиригодишен мачор кој живеел во едно каталонско семејство од кое повеќемина заболеле од Covid-1.

На почетокот од април зоолошкиот парк во Бронкс потврди дека неколку големи мачки, биле позитивни на коронавирусот.

Според извештаите во медиумите, тоа беше шестиот случај во светот кога кај мачка е потврден коронавирусот, иако научниците сметаат дека овие животни не може лесно да се заразат дури и кога се инфицирани нивните сопственици. Претходно во саботата Институтот за ветерина во Париз (ENVA) соопшти дека е потврден првиот случај на зараза со коронавирусот кај мачка во Франција. И во овој случај се претпоставува дека животното се инфицирало од сопственикот, и исто така имало тешкотии во работата на респираторниот и дигестивниот тракт.

Претставник на белгискиот антикризен штаб за спречување на ширењето на коронавирусот кон крајот на март објави дека во Белгија бил регистриран случај на пренесување на вирусот од сопственикот на мачка. Втор случај на коронавирус кај мачка беше откриен во Хонгконг, а нејзиниот стопан бил хоспитализиран со Covid-19.

На 4-ти март експертите за здравјето на животните соопштија дека куче во карантин на жител на Хонгконг заразен со новиот сој коронавирус Covid-19, е веројатно првиот случај на пренесување на инфекцијата од човек на животно, иако случајот сѐ уште се истражува. Според направениот тест, песот бил „благо позитивен“ на вирусот, што означува ниско ниво на зараза, соопшти тогаш хонконшкото министерство за земјоделие, риболов и заштита на природната околина – AFCD.

На интернет страницата на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), тогаш беше објавено дека дотогаш немало докази дека кучињата може да бидат заразени со коронавирус.