„Кучешки шепи“ добитник на главните награди на BAFTA

Мрачниот вестерн „Кучешки шепи“ (The Power of the Dog) во неделата ги освои двете најзначајни награди на годинешното доделување на признанијата на британската филмска академија BAFTA, за најдобар филм и за најдобра режија којашто ја потпишува новозеландската режисерка Џејн Кемпион, а научно-фантастичниот еп „Дина“ освои најмногу награди.

„Џејн… ти си визионерка чијашто трага се провелкува низ последните 30 кодини од кинематографијата во твоите приказни за несфатените, недоволни застапените и замолчените. Вдахна низа жени да го откријат својот глас,. Тука сме поради тебе“, изјави продуцентката Тања Сегачјан додека ја преземаше наградата во име на Кемпион која не можеше да присуствува на свеченоста.

Отсутниот Вил Смит ја освоји наградата за најдобар актер за улогата на таткото на тениските ѕвезди Венус и Серена Вилијамс во филмот „Крал Ричард“, додека Џоана Сканлан ја осви наградата за најдобра главна актерка за ликот на вдовица којашто ја открива страшната тајна на својот покоен сопруг во филмот „After Love“.

Филмот „Дина“, адаптација на романот на Франк Херберт од 1965 година, водеше со 11 номинации, главно во креативните и технички категории, а свои вкупно пет награди.

„Белфаст“, полуавтобиографската црно-бела комична драма на Кенет Брана чиешто дејствие е сместено на полчетокот од три деценискиот судир во Северна Ирска, го освои признанието за „извонреден британски филм“,

Контроерзниот римејк на „Приказна од западната страна“ во режија на Стивен Спилберг освои две награди, од кое онаа за најдобра споредна актерка ѝ пропадна на Аријана ДеБосе.

Годинешната свеченоста на доделувањето на наградите на Британската академија за филски и телевизиски уметности (BAFTA) ја водеше австралиската актерка и комичарка Ребел Вилсон.

Церемонијата се одржа во лондонски „Ројал Алберт Хол“ враќајќи го гламурот на овој настан откако минатите години се одвиваше виртуелно поради пандемијата на коронавирусот. Во текот на свеченсоста се споменуваше војната во Украина, а некои од номинираните носеа врвки и беџеви со сини и жолти бои на украинското знаме и зборуваа за тоа од сцанта и на црвениот тепих.

 

 

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.