Кучиња скитници искасаа тројца малолетници во Скопје

Тројца малолетници во посебни случаи вчера во Скопје биле искасани од кучиња скитници.

На 24.01.2023 во 21.45 часот во Полициската станица Аеродром, Т.Б.(50) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 24.01.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.М.(42) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилески-Бато“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 24.01.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Аеродром, Г.К.(52) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.