9.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Куферчево одговара со стајлингот, да не ти давам Адидас торба

Вистинска бомба објави италијанскиот весник „Ла Верита“ утринава во кое Боки 13 се договара со Орце Камчев кога да дојде да ги земе парите, додека во позадина женски глас му потврдува на Камчев да не се секира и се ќе биде ОК.

Во видеото кое го објави весникот се слуша разговорот помеѓу Орце и Боки 13 во моментите кога тој се подготвува да го земе рекетот во домот на бизнисменот.

-Ова одговара во стајлингот, куферчево (хахаха) да не давам Адидас торба, вели Камчев.

Денешното видео сами ги потврдува претходните текстови објавувани во медиумите каде се шпекулираше дека Боки 13 добивал куферчиња полни со пари, а тој остро ги демантираше.

Инаку претходно беше објавено и дека во торбата на Боки 13 која ја добил од Камчев и е од марката „Луј Витон“ било вградено GPS уред преку кој се следел патот на торбата.

Разузнавачите кои ја планирале акцијата биле сигурни дека карактерот, навиките и лажната самоувереност на Боки ќе бидат пресудни да наседне на скапиот подарок, во кој ги добива парите без да размислува што и како може да се вгради во таа торба и да служи против него во иднина.

Доказ дека тој веднаш се заљубил во торбата од марката „Луј Витон“ се неговите фотографии на Инстаграм.