Куќата на серискиот убиец Чарлс Менсон ставена на продажба за 1,98 милиони долари

Куќата на серискиот убиец Чарлс Менсон ставена на продажба за 1,98 милиони долари
Две куќи кои од неодамна се на продажба биле место на светски познати злосторства. Лос Фелиз во Калифорнија е куќата која е ставена на продажба на 11 јули, има преубав поглед, но стана поната кога во неа 1969 година членовите на озогласениот култ на Чарлс Менсон брутално ги убија Леон и Роузмери ЛаБјанка.

Околу 200 километри понатаму, во Барон, во државата Висконсин, на продажба е куќа од која е киднапирана Џејми Клос, а нејзините родители Џејмс и Денис се убиени, во 2018 година. Оваа куќа е најавена дека наскоро ќе се продава, затоа се уште нема цена, пишува „Њујорк пост“.

Двата имоти не се единствените куќи во кои се случиле убиства, а сега се на проажба. Сепак случајност е што овие две куќи во кои каде се случени свирепи убиства истовремено се најдоа на продажба.

Куќата на фанатиците на Менсон е со површина од 550м2, градена е во медитерански стил од деведесетите години од минатиот век, со две спални соби и две купатила, базен, италијански плочки, подзакривена тераса и опкружена од простран двор. За неа се бараа безмалку 2 милиони долари.

Не се спомената причината по која овој имот е познат иако според калифорниските закони, никој не е должен тоа да го наведе, бидејќи се бара единствено доколку убиството се случило во последните три години.

Продавачите суптилно би можеле да ја искористат историјата на куќата во своја корист бидејќи оваа година се одбележуваат 50 години од убиството, а премиерно беше прикажан и филмот на Квентин Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд“ токму за таа случка.