Куќен притвор за Јакимовски поради здравствени причини

Одреден е куќен притвор за поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски поради злоупотреби со легализација на градежни објекти и државно земјиште, пренесе телевизија Телма во вторникот вечерта

Обвинителството за организиран криминал бараше притвор, но поради задравствени причини му е одредена поблага мерка односно куќен притвор.

Јакимовски девет часа беше во Кривичнито суд заедно со уште негови двајца соработници вработени во општината, сите осомничени дека ја злоушпотребиле службената положба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.