Куќен притвор за Камчев и Панделевски

пелациониот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на нејавна седница на ден 27.12.2018 година, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Камчев и Панделески.

Апелациониот суд информирапе во четвртокот дека за двајцата бизнисмени Орце Камчев и Цветен Панделевскик е определен куќен притвор.

Претходно беше објавено дека Специјалнот јавно обвинителство потврдило дека за Орце Камчев, Цветан Панделевски и Сашо Мијалков, обвинети во случајот „Империја“ е побарано мерката притвор да биде заменета со поблага мерка односно домашен притвор.

Од СЈО велат дека сведоците се сослушани и со тоа престанува да важи опасноста за влијание врз сведоци, а со мерката домашен притвор ќе бидат физички обезбедни. Предлогот за преиначување на мерката од страна на СЈО била поднесена во средата.

Во „Империја“ меѓу обвинетите се Орце Камчев, Сашо Мијалков и Цветан Панделевски.

Освен за обвинетите во „Империја“, побарано е да се замени и мерката притвор во домашен притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски.

Специјалното јавно обвинителстсво се’ уште нема дадено мислење по барањето за укинување на притворот на Сашо Мијалков, обвинет во случајот Империја. Неодамна како гаранција дека нема да ја напушти државата, понуди милион евра.

Од мислењето на СЈО ќе зависи каква одлука ќе донесе судијата на претходна постапка, вели адвокатот на Мијалков.. Според Љупчо Шврговски, парична гаранција се нуди за бранење од слобода а не за куќен притвор..

За останатите обвинети во предметот„Империја“, вчера доцна попладне СЈО одговорило позитивно на барањата за укинување на притворот и негова замена со поблага мерка, односно куќен притвор.. Таквата одлука ја образложуваат со прибавените материјални докази..

„За причините, во интерес на истрагата не можеме да дадеме дополнителни информации, но може да се нагласи дека во случајот „Империја“ најважни се материјалните докази и во оваа фаза успешно се прибавени“, велат од СЈО за МИА..

Инаку освен за обвинетите во предметот Империја, СЈО ги прифатило и жалбите на Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски.. Двајцата предложија гаранции во имот за укинување на притворот.. Во текот на утрешниот ден се очекува Апелациониот суд да одлучи со какви мерки ќе им биде заменет затворскиот притвор одреден пред месец и пол за предметот „Титаник“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.