Ќулавкова: Гоце е дел од химната, а химната е симбол на државноста – ја омаловажувате сопствената држава

Македонската поетеса и академик, Катица Ќулавкова излезе со свој став околу целокупната ситуација за револузионерот Гоце Делчев и неговата вистинска националност, по изјавите на неколку бугарски функционери.

„Кога ја релативизирате важноста на Гоце Делчев, вие заправо ја повредувате ХИМНАТА на македонската држава, оти Гоце е дел од химната, а химната е симбол на државноста, па вие, всушност, ја омаловажувате сопствената држава Македонија“, напиша Ќулавкова на Твитер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.