Кулеба го критикува НАТО дека „буквално ништо“ не прави за да ја запре руската инвазија

(Photo by Fabrice COFFRINI / AFP)

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го обвини во средата НАТО дека „буквално ништо не прави“ за спречување на руската инвазија, истовремено пофалувајќи ја Европската унија за нејзините „револуционерни“ одлуки да го поддржи Киев.

„НАТО како сојуз, како институција е целосно настрана и не прави буквално ништо. Жал ми е што го кажувам тоа“, истакна Кулеба на Светскиот економски форум во Давос.

Го пофали Брисел за неговите „револуционерни одлуки, кои дури и тие самите не очекуваа да ги направат“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.