Украинските власти би сакале да одржат „мировен самит“ на крајот на февруари, најверојатно под покровителство на Обединетите нации, со претседателот на таа организација, Антонио Гутереш, како посредник, изјави шефот на украинската дипломатија, Дмитри Кулеба.
– Обединетите нации би можеле да бидат добра платформа за одржување на ваков самит, бидејќи тоа не значи да се направи услуга на одредена земја. Сите се вклучени во тоа – изјави Кулеба во интервју за агенцијата Асошиејтед прес.
Кулеба изјави и дека дипломатијата игра важна улога во завршувањето на конфликтот.
– Секоја војна завршува дипломатски. Секоја војна завршува врз основа на акциите преземени на бојното поле и на преговарачката маса – додаде тој.
Сепак, Киев смета, како што изјави Кулеба, дека Русија треба да биде поканета на таков самит дури по меѓународно судење.