Култната торба „Birkin“ продадена за 380.000 долари

Рачна торба на „Hermes“ од крокодилска кожа со дијамантски и златни украси уште еднаш го собори светскиот рекорд на наддавање со продажбата за 380.000 американски долари на аукцијата на филијалата на аукциската куќа Christie’s во Хонконг.

Така, според недоамнешното истражување на онлајн продавницата Baghunter, се покажува дека е поисплатливо да се инвестира во чантата „Birkin“ на производителот „Hermes“, отколку во злато или акции, затоа што вредноста на луксузната торба за дами во последните 35 години пораснала за 500 отсто.

Стапката на раст на вредноста на оваа чанта, којашто го одби името по англиската пејачка iи актерка Џејн Биркин, е побрза од онаа којашто ја забележало златот на американскиот пазар.

Чанатата под целиот назив „Himalaya Niloticus Crocodile diamond Birkin 3“ е еден од најпожелните модели од овој скап бренд, а токму таков примерок е продаден на анонимен купувач во телефонското наддавање во Хонконг. Претходниот рекорд за друг модел на ваквата чанта изнесуваше 300.000 долари, постигнат точно пред една година, исто така, на аукција во Хонконг на ауциската куќа Christie’s.

Претходниот светски рекорд, исто така, беше поставен во Хонгконг кога торбичката „Birkin fuchsia“ од крокодилска кожа беше продадена за 202.000 евра.

Торбичката „Himalaya Niloticus Crocodile Diamond Birkin“, којашто аукциската куќа ја претставува како „најретка и набараната“ чанта, украсена е со дијаманти. Нејзината тока, како и мини катинарот типичен за торбичките на „Hermes“ изработени се од бело 18-каратно злато. Торбата е од избледена крокодилска кожа со посветла средина и потемни сиви рабови, така што потсетува на врвовите на планинскиот масив Хималаи.

Специфичноста на торбата „Himalaya Niloticus Crocodile Diamond Birkin 3“ е во тоа што годишно де произведуваат само еден или два примерока.

Меѓутоа, од неодамна можат да се слушнат шпекулации дека „Hermes“ во текот на 2017 година има намера да престане со производството на овој модел, поради користењето на крокодилската кожа за нејзино изработување. Тоа би можело да ја појасни големата заинтересираност за неа и високите цени коишто чантата ги постигнува на наддавањата.

Торбите „Birkin“ поради цените станаа статусен симбол, а чинат од 7.500 до 100.000 британски фунти. Но дури и оние коишто можат да си ги дозволат мора да се пријават на долгата листа на чекање, а од момнтот кога ќе се пријавата на ред доаѓаат вообичаено за шест години.

Култната чанта е дизајнирана во 1984 година за Џејн Биркин, родена во Британија а живееше и во Франција, по нејзината случајна средба една година претходно во авион со Жан-Луј Дима, тогашниот претседател на компанијата „Hermes“. Откако на Џејн, тогаш млада мајка, од торбата ѝ испаднале работите коишто ги носела во неа, Дима коментирал дека би требало да носи торба со џебови, а пејачката му одговорила дека ќе носи веднаш штом неговата компанија почне да изработува такви торби.