5.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Култура финансира манифестација во Тетово, со плакат само на албански и на англиски јазик

Инаку, многу сакам поезија, ама не вака во сопствена земја! (Национал-шовинизам… а, што беше тоа?!), пишува професорката Елка Јачева-Улчар на Фејсбук

„Сред унитарна Македонија во моментов во Тетово се одвива меѓународна поетска манифестација, чиј плакат е напишан само на албански јазик и на англиски јазик. Според чиј Устав – прашувам? П.С. Како што може да се види од плакатот, манифестацијава е поддржана на прво место со средства од Министерството за култура на Македонија. Мислам, аплауз!“, напиша Улчар на Фејсбук.