Куман останува во Барселона барем до крајот на неделата

Раководството на Барселона сè уште не одлучило за отказ на главниот тренер на тимот, Роналд Куман, објавија голем број медиуми во Шпанија.

Според нив, не треба да се очекува итна оставка на холандскиот фудбалски стручњак и покрај синоќешниот пораз од Бенфика во Лигата на шампионите. Каталонците загубија со 3:0 и запишаа втор убедлив пораз по две рунди во ЛШ.

Според „RAC1“, можно е Куман барем да продолжи да работи до крајот на неделата. Во сабота на 2 октомври, Барселона ќе игра на домашен терен против Атлетико. По оваа средбата, одлуката за ќе биде донесена за време на паузата резервирана за репрезентативни настапи.

Барселона ги загуби двата први натпревари во Лигата на шампионите и е последна во Е-групата без освоен бод. Лидер е Баерн Минхен со шест бода, Бенфика има четири, Динамо Киев е трет со еден освоен бод.