Кумановци и денеска со масовна поддршка за „За заедничка Македонија“

Граѓани на Куманово вечерва повторно со масовен марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со цел да ја искажат својата загриженост за иднината на државата и во одбрана на унитарноста на Република Македонија.

Кумановци денеска исто како и изминатите денови по обидот на СДСМ на сила да го завземе претседавачкото место во Собранието, во масовен број излегоа да ја дадат својата поддршката ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

Тие јасно и гласно вечерва кажаа дека НЕ сакаат двојазичност во нивниот град, како и на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб.

Освен во Куманово, вечерва протести „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ се одржуваат во над 40 градoви и села во Македонија.

17797052_1532719313405412_1975289011_o

17838550_1532719353405408_485003105_o