Кумановци ја оштетиле „ЕВН Македонија“ за речиси 100.000 денари

С.Д. (44) од селото Липково и Е.А. (38) од село Опае, двајцата вработени во „ЕВН Македонија“ КЕЦ-Куманово добија кривична бидејќи ја злоупотребиле службената положба и фалсификување службена исправа.

Е.А., во својство на електромонтер во “ЕВН“, во текот на септември 2013 година извршил незаконска замена на стари монофазни броила кај тројца потрошувачи, а за извршените промени изготвил три работни налози со неточни податоци, а истите ги предал на С.Д. за понатамошна постапка и за внесување во системот на „ЕВН“. По ова, С.Д., како оператор постапил спротивно на прописите од упатствата за активирање на одјавено броило и незаконски ги сменил матичните податоци во системот за евиденција кај три потрошувачи со други три лица, при што извршил активирање на нивните стари неактивни монофазни броила, без да приложат соодветна документација, односно барање и уплата на трошоци за истите, како и без издаден налог од страна на раководителот. На овој начин, ја оштетиле „ЕВН Македонија“ за износ од 90.765 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.