Кумановци криумчареле Либијци

Двајца кумановци биле фатени  како криумчарат Либијци, информираше МВР. Станува збор за Б.И.(38) и К.И.(21) против кои се поднесени кривични пријави за криумчарење мигрнти.

Според МВР, двајцата на 28 февруари годинава околу 22.20 часот се возеле во автомобил „мерцедес“ на патот од Куманово кон село Костурник. Тогаш биле забележани и сопрени од полициска патрола, па од возилото излегле две лица. Внатре останале Б.И. и неговиот помлад сопатник К.И.(21), а полицијата ги легитимирала другите двајца. По изврешениот разговор со нив е утврдено дека станува збор за државјани на Либија на возраст од 30 и 48 години, кои сакале да се превезат до село Лојане.