Кумановци наплаќале за лажно вработување во МВР

Двајца кумановци си заработија кривична пријава бидејќи земале пари за лажни вработувања во МВР.

Според информациите од Министерстовто за внатрешни работи кумановците, 54-годишниот Ж.И. и 42-годишниот В.И. се товарат за сторено дело измама.

Во 2010 година, пријавените довеле во заблуда две лица ветувајќи им  дека ќе посредуваат за вработување во Министерството за внатрешни работи за нивните синови за што им наплатиле 6.000 евра.

Откако не го исполниле ветувањето  за кое добро биле платени, кумановците завршија во полиција.