Кумановец го поправал тракторот, штом го стартувал бил прегазен и починал

кумановецот

Жител на кумановското село Косматац, вчера бил прегазен од трактор и починал на лице место, соопштија денеска од Итна Помош Куманово и потврдија од МВР.

Кумановецот  вчера околу 10 часот поправајќи го тракторот штом го стартувал бил прегазен и починал на лице место.

Веднаш било пријавено во Итна Помош Куманово, а оттаму пак бил известен СВР Куманово.

Увидна екипа на кумановската полиција извршила увид, а лекар констатирал смрт.

Телото е предадено на семејството.