Кумановец му се заканувал на градоначалникот Димитриевски

Полицијата уапсила кумановец што му се заканувал на градоначалникот на Куманово, Максим Димитреивски и кој демолирал штабови на СДСМ, информираат од МВР.

Станува збор за Д.С.(34) против кого е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

Според полицијата, осомничениот на 22.09.2018 година во два наврати испратил СМС пораки на градоначалникот на Куманово, во кои упатил закани кон него и неговиот син.

По преземени мерки, Д.С. е лишен од слобода и му биле одземени мобилен телефон, безбол палка, четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога марихуана и една сим картичка. Исто така, по преземени мерки, било утврдено дека Д.С. е сторител на уште две кривични дела „оштетување туѓи предмети“, казниви по член 243 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија. На 24,09,2018 година, прјавениот скршил излог стакла на два штаба на партијата СДСМ, лоцирани на улица Илинденска и улица Тоде Мендол, велат од МВР.