Кумановец најде експлозивна направа во викендичката

Жител на Куманово во четвртокот претпладнето пријавил дека во својата викенд куќа на периферијата од градот пронашол непозната експлозивна направа.

На 27.08.2020 во 10,00 часот во СВР-Куманово, А.Е. од Куманово, пријавил дека во неговата викендичка која се наоѓала на место викано Менкова колиба забележал експлозивна направа.

Од страна на полициски службеници од СВР-Куманово и пиротехничар било излезено на местото, при што било констатирано дека се работи за рачен ракетен фрлач најверојатно од 2001 година и истиот бил безбедно подигнат за понатамошна постапка.