Кумановец приведен за кражба во амбуланта во Скопје

Триесет итригодишен маж од Куманово е приведен како осомничен за кражба извршена претходно во декември во здравтвена установа во скопоската населба Кисела Вода, информираше во вторникот Министертвото за внатрешни работи

Полициските службеници апсењето го извеле во понеделникот, околу пладне на улицата „Филип Втори Македонски” во Скопје, а од слобода е лишен 33-годишниот Г.П. од Куманово, кој според МВР е сторител на повеќе кривични дела.

„По извршен разговор, Г.П. признал дека на 21.12.2020 година во приватна здравствена установа лоцирана на подрачје на Кисела Вода во Скопје, извршил кривично дело ‘кражба’ при што од чанта одзел новчаник во кој имало 15.000 денари како и две платежни картички“, се наведува во соопштението на МВР.

По кражбата, осомничениот со едната картичка купил производи во вредност од 30.000 денари, додека со другата имал неколку неуспешни обиди за купување.

По извршениот разговор во полицијата, од кумановецот биле одземени неколку платежни картички од домашни банки кои не се на негово име, а одземени се исто така и парични средства.

Кај Г.П., исто така, била пронајдена и бела прашкаста материја, која е предадена на лабораториска проверка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.