Kумановец приведен за недозволено поседување оружје

По претходно добиена Наредба за претрес на дом и други простории од судија на претходна постапка, полициски службеници од СВР Куманово вчера во периодот од 20.00 часот до 23.15 часот, извршиле претрес на дом и други простории на лицето И.А. (54) лоцирани во село Режановце, Кумановско при што пронашле и одзеле оружје и муниција, за дел од која не била издадена дозвола за поседување.

За претресот и за одземените предмети од лицето И.А. известен е Јавен обвинител по чии инструкции лицето е лишено од слобода и задржано во просториите на СВР Куманово. Предметите за кои постои сомнение дека се предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 396 од Кривичниот Законик на РМ по итна постапка преку ОКТУПА при СВР Куманово ќе бидат доставени на анализа до ОКТИВ при МВР на РМ Скопје.

По инструкции од Јавен обвинител одземените оружја и муниција, за кои лицето И.А. има дозвола и потврда, ќе биде поднесен предлог за поведување управна постапка за трајно одземање на оружје до Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи Куманово.

По целосно документирање на случајот против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“.