Кумановец продавал храна и пијалоци со поминат рок

Триесет и шестгодишен кумановец продавал храна и пијалоци со изминат рок на важност, на кои што го бришел стариот датум и вметнал нов датум со регуларен рок, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 16-ти минатиот месец, 36-годишниот Е.Т. од Куманово, бил затекнат на пазарот во Куманово како продава производи со поминат рок.

Полицијата против Е.Т. поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело „производство и пуштање во промет на прехранбени и други артикли“.