Кумановец шест години професорувал со фалсификувана косовска диплома

СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава  против С.З.(51) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Пријавениот набавил фалсификувана диплома од Универзитет во Приштина, Р.Косово, со која се стекнал со квалификација „професор по математика“. Дипломата ја употребил во општинското основно училиште „Бајрам Шабани“ Куманово, каде склучил Договор за работа и засновал работен однос на определено време. До 2017 му биле изготвувани повеќе договори за работа на определено време, при што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од Буџетот  во износ од платите што му биле исплаќани од 01.12.2011 до 05.05.2017.