Кумановец снимал порнографски снимки и ги покажувал на деца

Кумановец доби кривична пријава под сомнение дека произведувал детска порнографија и истата ја прикажал пред дете.

Тој изминативе две години во изнајмен стан во Скопје, во викендица во с. Побожје како и во хотел во Охрид и на локација во Кратово, откако снимил порнографски материјал со две малолетни лица од Скопје снимките ги пуштил до сите пријатели преку фејсбук профилот на една од оштетените. Од страна на судија на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.