Кумановец во домот криел 45 мигранти

По претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба, во четвртокот полициски службеници извршиле претрес во домот маж во Куманово при што се откриени повеќе десетици мигранти од земјите на Блискиот исток

Како што извести Министерството за надворешни работи, претресот е извршен во куќата на 53-годишниот С.Д. од Куманово и притоа биле пронајдени 45 лица, кои се идентификувани како мигранти од разни држави од Блискиот исток.

Мажот е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.