Кумановка ги платила музичарите на свадба со фалсификувани евра

Кумановка заработи кривична пријава бидејќи на музичарите кои ги забавувале на семејната веселба им дала фалсификувани евра.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против 50-годишната В.М. од Агино Село, која во јули со фалсификувани евра платила музичари.
Според полициските информации, откако, В.М. набавила фалсификувана банкнота од 200 евра во јули, по завршување на семејна веселба во кумановски ресторан на И.М. како член од музичка група за услугата му платила со фалсификуваната банкнота, а истиот ја зел иако не смеел да ја наплати услугата со евра. Поради тоа, кумановската полиција поднесе и кривична против 41-годишниот И.М. за сторено кривично дело „недозволена наплата и исплата во ефективни странски пари“ од Законот за девизно работење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.