Кумановка истепана во кафуле од момчето

Четириесет иедногодишен кумановец доби кривична пријава, откако е пријавен дека во угостителски локал физички ја нападнал својата партнерка.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурност“ и „телесна повреда“.

Пријавениот, на 21.05.2021 во угостителски објект во Куманово физички ја нападнал М.Б., со која бил во врска, при што и нанел повреди.