Кумановка најдена почината во бањата

На 25.02.2020 во 19,20 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улицата „521“ во населба Карпош била пронајдена почината 64-годишната В.П..

По преземени мерки било утврдено дека починатата во 18,30 влегла во бањата да се тушира, а во 19,15 часот без знаци на живот ја пронашол нејзиниот син.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на семејството.