Кумановка повредена во пожар

Кумановка била тешко повредена во пожар во кој изгорела неговата куќа, вчера во Куманово.

Според полицијата, пожарот избувнал околу 23.20 часот во куќата на Ч.К. на улица Сава Ковачевиќ.

Во пламенот тешко е повредена С.К.(60), а целосно е опожарено приземјето на куќата.

Таа била пренесена во Медицински центар Куманово, но поради сериозноста на повредите е пренесена во Комплекс клиники “Мајка Терезеа” на понатамошно лекување.