Кумановка приведена, дома ѝ нашле сомнителна супстанција

13

Триесет иседумгодишна жена од Кумано во вторникот е приведена, откако во нејзиниот дом се откриени пакувања со сомнителна прашкаста супстанција.

Денеска(04.05.2021), полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода С.Ј.(37) од Куманово. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја и едно пакување со бела прашкаста материја.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.