Куманово оствари гостинска победа кај МЗТ Скопје

Во заостанат натпревар од 20-то коло во Првата македонска кошаркарска лига, Куманово вечерва го победи МЗТ Скопје Аеродром на гостински терен со 83:76.

По овој пораз, МЗТ Скопје Аеродром ги загуби и теоретските шанси за првото место на табелата во регуларниот дел од Првата лига. Кумановци со новите два бода може да се надеваат и на некое место погоре на табелата во пресрет на плеј-офот.

МЗТ има биланс 14-7 и е трет на табелата, додека Куманово е со соодносто на поведи и порази 12-9 е на делба на петтата позиција.

До крајот на регуларниот дел, на двете екипи им останува да одиграат уште по еден натпревар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.