14.8 C
Skopje
среда, септември 22, 2021

Кумановскиот градоначалник Димитриевски бара 14-дневен карантин, по новиот висок дневен број заразени

214

Во кумановската болница евидентирани се 23 новозаразени од подрачјето на Куманово и двајца починати како последица од инфекцијата со новиот тип коронавирус во изминатото деноноќие, извести градоначалникот Максим Димитриевски.

Градоначалникот истовремено поради ваквата состојба од Владата побара итно да го разгледа неговиот предлог за прогласување 14-дневен карантин во Куманово, по примерот на Дебар, затоа што смета дека постои закана за жителите на другите  градови.

„Куманово денеска има 23 нови позитивни случаи и двајца покојни. Вкупната бројка во Куманово е 224 позитивни лица досега или вкупно 12 починати. Возраста се движи од 59 до 79 години. Ве информирам дека бројката која доаѓа од Централниот кризен штаб, се однесува на бројка на заболени и починати на Куманово заедно со оптшината Липково. Сочувство до семејствата на починатите“, рече градоначалникот Димитриевски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.