6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Кумуцакос: Неприфатливите изјави на Заев се уште полоши

Не стивнуваат реакциите на изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев кој од собраниска говорница во саботата спомена постоење Македонци во Грција и можност за изучување на македонскиот јазик.

Видео снимка со дел од говорот на македонскиот премиер во срадата  пренесоа некои грчки медиуми.

Сега со звук и слика се потврдува дека неприфатливите изјави на Заев се, всушност, уште полоши. Ниту, пак, не нè изненадува тоа што е едноставно, природна последица од Преспанскиот договор што од самиот почеток го опишавме како стаклена градина за ирационалност и национализам – изјави  Јоргос Кумуцакос пратеник на Нова демократија  и министер за надворешни работи во сенка на опозициската партија.

Кумуцакос, ја повика владата да преземе мерки и побара да не се продолжи со ратификација на преспанскиот договор.

Од опозициската партија постојано повторуваат дека нема да гласаат за ратификација на договорот ни во овој ниту во некој иден состав на грчкиот парламент.