Куната во јануари заминува во историјата, Хрватите ќе го користат еврото

На 1 јануари 2023 куната заминува во историјата, по што Хрватска ќе го воведе еврото.

Хрватскиот парламент вчера со мнозинство гласови го изгласа Законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска. За гласале 117 пратеници, 13 биле против и 1 бил воздржан. Десничарските партии во хрватскиот парламент се спротивставија на воведувањето на еврото, бидејќи сметаат дека тоа ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе изврши притисок врз граѓаните. Двете валути ќе се користат паралелно во месеците по официјалното воведување на еврото.