Куновска го прозива Заев: Ние поинтелигентните го предупредивме за Лиле Поповска

Внатрешните превирања во СДСМ се во полн ек. Поранешниот претседател на градската организација на СДСМ, Софија Куновска, на својот Фејсбук профил упати директна критика до раководството на СДСМ поради коалицијата со партијата ДОМ и нејзината претседателка, Лилјана Поповска.

На веста дека ДОМ не е дел од пратеничката група на СДСМ, Куновска вечерва напиша: „А не дека не предупредивме. Мислам, некои од нас. Поинтелигентните. И похрабрите“.

Kunovska
Пораката за поинтелигентните е директно упатена до Зоран Заев од скопското крило на СДСМ кое ги загуби сите клучни позиции.

Софија Куновска досега повеќе пати ја критикуваше кадровкта политика на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, како и коалицијата со ДОМ.

Таа поднесе оставка од местото претседател на Градската организација на СДСМ, незадоволна од листите за кандидати на пратеници, токму поради поставувањето на Лилјана Поповска на пратеничките листи. Куновска тогаш посочуваше дека во СДСМ нема доволно дебата и изрази сомнеже дека токму поради тоа што барала поголема демократија во оваа партија, е тргната од листите.

Додека беше претседателот на Градската организација на СДСМ таа упатуваше остри критики до првите луѓе на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска за луксузната забава на која присуствуваа во новиот МНТ.

Тогаш велеше дека е неприфатливо и несоодветно да се користат партиските соопштенија во име на целата партија, со цел да се оправда присуството на лидерите на опозицијата на приватната забава која ја организираше сопругот на Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски по повод јубилејот на Дајнерс.

Меѓу последните нејзини несогласувања со партиското раководство беше пред Конгресот на партијата кога таа напиша дека во СДСМ се случува Кимјонгунизација.

-Кимјонгунизација на СДСМ пред конгрес. Генерално чистење, синоќа во ОО Центар, напиша Куновска тогаш на Фејсбук.

софија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.