Куновска: СДСМ функционира по принципот на акционерско друштво, а двоецот Заев и Шеќеринска го распределија на сопственички удели 55:45

Софија Куновска, членка на СДСМ, во остар стил го нападна раководството на оваа партија, на нејзиниот роденден, но и вечерва на 24 вести.

-СДСМ почнува да функционира по принципот на акционерско друштво и двоецот Заев и Шеќеринска го распределија, условно речено, тоа акционерско друштво на сопственички удели од 55 наспроти 45 проценти, во корист на Зоран Заев. Луѓе без било каков партиски стаж дојдоа на највисоки партиски функции и природно беше дека ќе дојдат триења на мои и твои. Тоа чистење одамна трае во СДСМ, а процесите во СДСМ треба да го загрижат секој, рече Куновска.