Куомо ја обвини полицијата дека не си ја одработила работата, не ги спречила масовните грабежи  

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо изјави во вторникот дека њујоршката не успеала да ги спречи грабежите и другите криминални активности во текот на протестите изминатата ноќ.

Претходно во вторникот претседателот Доналд Трамп ги критикуваше гувернерите поради неприфаќањето на неговата најава за распоредување на војската за да се сузбијат насилните протести.

Пет часа пред неговата најава од огнено оружје беа ранети пет полицајци, четворица од Сент Луис во државата Мисури, а еден во Лас Вегас, во Невада, чијашто состојба е критична. Еден полицаец бил прегазен во понеделникот вечерта во Њујорк, а на снимките на локалните телевизии се гледа дека од силината на ударот тој полетал во воздухот и паднал меѓу автомобилот што го удрил и друг автомобил во движење.

Демонстрантите во понеделникот ноќта демолираа и ограбуваа продавници и луксузни дуќани ширум Њујорк, и запалија трговски центар во Лос Анџелес.

„Њујорк го преземаа разбојниците, крадците, радикалната левица и сите други форми на бедниот живот и жганот. Гувернерот ја одби мојата помош во вид на доминантна Национална гарда. Њујорк се распадна на парченца“, напиша на Twitter Трамп, кој е њујорчанец и кој често во текот на пандемијата на коронавирусот води остри преписки со гувенерот.

Гувернерот кој доаѓа од Демократската партија, Ендрју Куомо, на прес-конференцијата го критикуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, од Републиканската партија, за наводно лошиот одговот на протестите ширум земјата. Рече дека Трамп ја користел својата позиција за фокусот да се стави на вандалите, подметнувачите на пожари и вооружените ограбувачи „за да не мора да зборува за убиството на Џорџ Флојд“.

Куомо вели дека Трамп сакал да ја „замагли разликата“ меѓу легитимните демонстранти и оние кои се впушаат во криминални активности. „Тој сака да каже сите се разбојници“, рече Куомо

Изјавата на Куомо доаѓа откако претседателот Трамп претходно во понеделникот побара од гувернерите на сојузните држави посилно да се пресметаат со насилните демонстранти во безредијата кои ги зафатија САД по полициското убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд минатиот понеделник во Минеаополис, кои излегоа под контрола предизвикувајќи силни разорувања и неколку смртни случаи.

„Морате да доминирате, ако ја немата контролата го губите своето време. Ќе ве прегазат. Ќе изгледате како куп будали“, им рекол претседателот Доналд Трамп на гувернерите на сојузните држави во текот на видео-конференцијата која се одвиваше зад затворени врати, а од која аудио-снимка објави телевизијата CNN којашто отворено од 2016 година е против републиканскиот претседател. „Тоа е движење, доколку не го згаснете, ќе стане сѐ полошо и полошо. Единствено е успешно кога сте слаби, а повеќето од вас се слаби“, додал Трамп, според споменатата снимка.

Гувернерот Куомо во продолжение рече дека њујоршката полиција (NYPD), во чиј состав се 30.000 полициски службенуци, би требало да распореди поголеми сили за да ги спречи грабежите и вандализмот.

Телевизиските снимки од протестите од ноќта кон понеделникот во Њујорк прикажуваат демолирани излози и ограбени луксузни продавници по должината на Петтата авенија на Менхетен во периодот пред 23 часот по локално време, кога и во Њујорк на сила стапи полицискиот час. На протестите во Бафало, исто така, во сојузната држава Њујорк, двајца полицајци се прегазени од автомобил.

Куомо, исто така, изјави дека ноговиот сопартиец од Демократската партија, градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио, не ја сфатил димензијата на протестите.

„NYPD и градоначалникот не ја одработија својата работа синоќа. Мислам дека градоначалникот ги потценува размерите на проблемот“, рече Куомо кој и во минатото доаѓаше во отворен судир со Де Блазио.

„Тоа синоќа беа безобѕирни грабежи ширум градот кои не ги запреа, а тоа им е работата. Тоа беше погрешно“, рече Куомо.

Куомо рече и дека е „бесен“, бидејќи разбојнициите полицијата главно не ги сопрела. Додаде и дека NYPD, земајќи ги предвид силите кои ги има на располагање и искуството, би требало да биде во состојба да ја контролира ситуацијата, но дека 13.000 припадници на Националната гарда во сојузната држава Њујорк се подготвен да дојдат на помош.

Националната гарда е дизајниран по сојузните држави и територии и со неа командува говернерот на државата.