Куп на Италија: Рома со пресврт до четврфиналето, се пласираше и Аталанта

Фудбалерите на Рома со пресврт дојдоа до победата од 2:1 против второлигашот Кремонезе во дуелот од осминафиналето на Купот на Италија.

На римски „Олимпико“ петопласираната екипа во Серија Б поведе во 37. минута со голот на Франко Тсадјуто. Кремонезе предноста ја одржуваше до 77. минута кога Ромелу Лукаку ѝ побегна на гостинската одбрана и погоди за 1:1. Победата на „Волчицата“ ѝ ја донесе Пауло Дибала кој во 85. минута реализираше најстрога казна.

Така по средата вечерта поната е и третата четвртфинална двојка во италјанскиот куп, а за место во полуфиналето ќе се соочат двата римски ривала Рома и Лацио.

Претходно во средата Аталанта на својот терен во Бергамо со 3:1 го совлада Сасуоло, па во четвртфиналето ќе се соочи со Милан.

Белгиецот Шарл Де Кетелаер во 24. минута ја начна гостинската мрежа, во 63. минута истиот играч го удвои водството на Аталанта. Во 71. минута Белгиецот му се оддолжи на Алексеј Миранчук за асистенцијата при вториот погодок, па и Русинот се впиша во листата на стрелците. Сасуоло го постигна почесниот погодок преку Даниел Болока во петтата минута од судиското продолжение на натпреварот.

Третата четвртфинална двојка ја сочинуваат Болоња и Фиорентина, а за последната Фросиноне го чека победникот од дуелот меѓу Јувентус и Салернитана кој се игра во четврток во Торино со почеток од 21 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.