Куп на конфедерации: Русија лесно со Нов Зеланд

Во првиот натпревар на годинешниот фудбалски Куп на конфедерациите кој вообичаено се игра една година пред одржувањето на Светско првенство, а годинава се игра земјата домаќин на мундијалот Русија, домашната селекција со 2:0 (1:0) во Санкт Петербург ја совлада репрезентацијата на Нов Зеланд.

Русија поведе со автоголот на Мајкл Боксол во 31 минута. Денис Глушаков ја протна топката крај новозеландскиот голманот Стефан Маринович и удри во стативата, но рускиот фудбалер продолжи во борбата за неа, а таа заврши во мрежата. Првично голот му беше впишан на Глушаков, но по прегледување на снимката ФИФА определи дека станува збор за автогол на Биксол. Тоа е само 12 случај во историјата на руската селекција нејзиниот противник да си постигне автогол.

Во 69 минута, руската селекција го удвои водството преку напаѓачот Федор Смолов, која го реализираше додавањето на Алесксандар Самедов. За Смолов ова е осми погодок во 22-от меч во дресот на Русија.

Во Групата А, од кој дел беше овој меч, играат уште Португалија и Мексико, кои својот натпревар од 1-то коло ќе го играат во недела во Казан, додека во Групата Б се Камерун, Чиле, Австралија и Германија.