Курц да се оправда: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц реагираше на критиките кон него поради изјавата дека луѓето кои се вратиле од одмор го донеле коронавирусот во Австрија.

Во изјава за дневните весници од австриската провинција Ворарлберг, Курц го отфрли тврдењето на неговиот коалициски партнер, лидерот на Зелените и вицеканцелар Вернер Коглер, дека тој не бил доволно претпазлив во ограничувањата за влез во земјата за време на Божиќните празници.

Тврдењата дека има нешто против Балканот се, според него, апсурдни.

Тој потсети дека за време на неговиот мандат како шеф на австриската дипломатија се борел за пристапување на земјите од Западен Балкан.

-Покрај тоа, Западен Балкан е регионот што најчесто го посетував. Имам многу пријатели од тој регион и имам пријателски односи со шефовите на влади од таму, објасни Курц и додаде дека тој е поврзан со Балканот.

Сепак потенцираше дека минатата зима се покажало дека априлските забави се проблем, така што во текот на летото се виде дека една третина од инфекцијата се зголемила со повратниците од одмор, а повеќето се вратиле од Западен Балкан и Хрватска.

Од тоа, потенцира тој, беа повлечени лекции поради кои беа воведени ограничувања за влез во земјата за време на Божиќните празници.

Тој посочи дека оваа мерка влијае и на Австријците кои живеат во странство и сакаат да дојдат во Австрија за Божиќните празници, како и на сите луѓе кои сакаат да патуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.