Курц ги обвини НВО-та за привлекување на мигрантите во Европа

Нелегалното пренесување на мигрантите од страна на невладините организации (НВО) привлекуваат сѐ повеќе и повеќе луѓе да се решат за опасното патувања кон Европа, изјави доскорешниот австриски канцелар Сенастијан Курц во интервјуто за германскиот весник Welt am Sonntag.

„Јас лично сметам дека е погрешно кога невладините организации се вклучуваат во нелегалниот транспорт на луѓе во Европа. Тие само предизвикуваат лажни надежи и, можеби, ненамерно инволвираат уште повеќе луѓе во опасност“, предупредува Курц.

„Сѐ додека спасувањата во Средоземното Море е поврзано со (добивање) билет за Централна Европа, дотогаш сѐ повеќе и повеќе луѓе ќе заминуваат на патот“ преку опасните медитерански води до европските брегови, продолжува челникот на Австриската народна партија (OeVP).

„Доколку ние гарантираме дека секој кој нелегално се упатува (кон Европа), ќе биде вратен во земјата на потеклото или во транзитната земја, ќе ја запреме илегалната миграција, ќе го уништиме бизнисот на криумчарите (со луѓе) и, што е најважно, ќе ставима крај на тоа луѓето да се двата во Медитеранот“, истакнува Курц.

Забелешките на австрискиот политичар од десниот центар во интервјуто за германскиот неделник доаѓаат истовремено кога во неделата германскиот хуманитарен брод „Алан Курди“ на невладина организација заплови кон Малта, откако му беше одбиено барањато за пристанување во италијанските пристаништа. Но и Малта забрани бродот да вплови во нејзините територијални води, но три од 65-те имигранти ќе ги преземен поради лошата здравствена состојба.

Италијанската миграциска политика доведе до судир на италијансктие власти со невладините организации, поради правилата според кои за бродовоте со мигрантите се затворени пристаништата во оваа земја којашто изминатите години беше на ударот на миграцискиот бран од бреговите на северна Африка.

Последните години Еропа са соочува со најсериозната миграциска криза од Втората светска војна, како последица на повеќето вооружени конфликти и сиромаштијата во Африка и на Блискиот исток. Мигрантите влегуваат во Европа преку неколку правци, најмногу преку источен и западен Медитеран.

„Алан Курди“ е последните од неколку бродови со мигранти кои последните неколку седмици се соочуваат со забраната за пристанување во некои италијански пристаништа. Бродот кој плови под германски знаме, наречено по тригодишниот сириски бегалец кој во 2015-та се удави во Средоемјето, во саботата по тврдиот став на официјелен Рим, реши да го промени курсот и да се упати кон Малта.

„Бродот моментално чека пред затвореното малтешко пристаниште, а на тројца мигранти им е потребна итна медицинска помош. Сите тројца колабираа на горештината. Меѓу нив дајца се малолетници“, напиша на Twitter еден вработен во германската невладина хуманитарна организација „Sea-Eye“.Малтешки функционер потврди дека од „Sea-Eye“ побарале итна евакуација на тројца патници од бродот, на што властите на неговата земја позитивно одговориле.

Друг брод на невладините организации „Алекс“ кој во саботата насилно пристана на италијанскиот остров Лампедуза, откако капетанот ја прекршил забраната за пристанување, ги истоварил во неделата мигрантите. Тие со часови чекале на сонцето под полициска стража, која не им дозволува да го напуштат пристаништетот.

 

Во јануари пограничната агенција на Европската унија Frontex објави дека бројот на регистрираните случаи на нелегално минување на надворешните граници на ЕУ во текот на целата мината 2018 година бил најнискиот во изминатите пет години. Во јуни, извршниот директор на Frontex, Фабрис Лежери изјави дека ситуацијата со илегалните преминувања на надворешните граници на ЕУ е значително подобрена.