Курц: Италија не смее да стане Грција

Австрискиот канцелар Себастијан Курц предупреди дека Италија не треба да стане „втора Грција“.

Не сакаме повторно да имаме сличен случај во Грција. Треба да извлечеме лекции од неодамнешната финансиска криза и ситуацијата во Грција, посочи Курц.

Тој додаде дека од најголема важност е да се придржуваат кон правилата, пред сè кога станува збор за финансиската стабилност на Европската унија.

Ова важи и за Италија. Затоа целосно ја поддржувам одлуката на Европската комисија во врска со италијанските владини буџетски планови, рече австрискиот канцелар.

Курц апелираше до италијанската влада да се придржува кон барањето на Европската комисија за измена на буџетскиот план.

Сите ние треба да се бориме да го намалиме товарот на ЕУ за да останеме конкурентни, објасни тој.

Курц смета дека италијанскиот буџетски предлог е „неприфатлив“ во сегашната форма.

Би имале зголемување на долгот, а мораме да ги надминеме последиците од неодамнешната финансиска криза. Мора да докажеме дека нема да дозволиме уште една Грција, истакна Курц.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.