Според Курц, сега е време победниците на изборите во брз рок да формираат стабилна Влада, јави дописникот на МИА од Брисел.
– Многу сум среќен дека по еден многу тежок временски период, Македонија можеше да организира фер избори. Сега мислам дека е потребно да се направи обид да се формира стабилна Влада што е можно поскоро, изјави Курц за МИА.