Курдите негираат дека е заземен пограничен град во Сирија

Курдските Сириски демократски сили (СДФ) денеска негираа дека силите поддржани од Турција ја презеле контролата над центарот на градот Рас ал Ајин, во североисточна Сирија.

Претставникот на СДФ Марван Камишло рече дека турските сојузници влегле во дел на Рас ал Ајин, што е индустриски округ, а по повеќечасовно гранатирање што довело до „тактичко повлекување“.

Сириските бунтовници, поддржани од Турција, претходно соопштија дека ја презеле контролата врз центарот на пограничниот град Рас ел Ајин.

Според турското Министерство за одбрана, „станбениот центар на Рас ал Ајин е ставен под контрола за време на успешните операции источно од реката Еуфрат“.