Курдската партија негира вмешаност во бомбашкиот напад во Истанбул

Курдската милитантна група ПКК негираше вмешаност во вчерашниот бомбашки напад во Истанбул, велејќи дека не врши напади врз цивили, се вели во соопштението објавено на нејзината веб-страница денеска.

„Не доаѓа предвид ние да насочиме напад врз цивили на кој било начин“, соопшти Курдската работничка партија (ПКК), отфрлајќи ги тврдењата на Турција дека таа и сириската курдска милиција, Единиците за народна заштита (ИПГ) се одговорни за експлозијата во која загинаа шест лица.

Сириската курдска милиција ИПГ се истакна како добро организирана вооружена група за време на сириската граѓанска војна. Тие воспоставија упориште на северот на земјата по повлекувањето на сириските владини сили и се поврзани со главната фракција на сириските Курди, Партијата на Демократската унија (ПИД).

Турција смета дека ПИД и ИПГ не се разликуваат од Курдската работничка партија (ПКК), која е на листата на терористички организации во Турција, ЕУ и САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.