Курдски протести во Турција, Германија и Франција – има убиени и ранети

Наjмалку девет лица биле убиени вчера во жестоки демонстрации на Курди во Турција. Незадоволното курдско население протестира барајќи турските власти воено да интервенираат за да го спречат падот на сирискиот град Кобане во рацете на џихадистите од „Исламска држава“, објави АФП, пренесува Нетпрес.

Информациите за бројот на жртвите се различни. Според руската новинска агенција Итарр Тасс, која се повикува на турската телевизија „Хабер Турк“, во протестите во повеќе од 20 турски округа (главно во југоисточниот дел на земајата, со мнозинско курдско население, биле убиени 15 лица. Медиумите јавуваат и за голем број повредени во демонстрациите.

Телевизијата „Хабер Турк“ објавува дека властите во шест турски провинции вовеле полициски час и тоа на неодредено време.

kurdi2

Мерката е воведена во Диарбекир, Мардин, Сиирт, Муш, Ван и Батман, каде протестите прераснаа во жестоки судири.

Во протестите учествуваат турски Курди, приврзаници на прокурдските партии и на сепарастичката Курдска работничка партија (ПКК).

Десетици лица настрадале и на протестите во Северна Германија за време на демонстрации на курдски активисти

Демонстрантите изразиле поддршка за курдските сили, кои водат ожестоки борби со џихадистите на „Исламска држава“ во сирискиот град Кобане и настојуваат меѓународната заедница поостро да и’ се спротистави на терористичката и злосторничка група.

kurdi3

Курдски демонстрации и крај Елисејскиот дворец

Курди протестирале и во Франција барајќи вмешување на меѓународната заедница во однос на ситуацијата во градот Кобане. Демонстрантите носеле црвени знамиња со српс и чекан на Курдската работничка партија (ПКК) и транспаренти со натписи: „Сите сме од Кобане“. Нивното барање е доставка на оружје за курдските борци во Кобане, кои се во вооружен конфликт со терористите на „Исламска држава“.

Протести имало и во Марсеј, каде повеќе од 1.000 лица јавно ја изразиле поддршката на своите сонародници во градот Кобане.

kurdi1

Стотина Курди пред зградата на Европскиот парламент

Курдските демонстранти во Брисели биле примени од претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц. Европскиот функционер изјавил дека го направил тој гест за протестот да мине мирно. Шулц рекол дека ја потенциралл поддршката на ЕП за меѓународната коалиција која се бори против „Исламска држава“ и се обврзал да разговара со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со претседателите на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, и на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, а исто така и со врховниот претставник на ЕС за надворешна полтика и безбедност, Кетрин Ештон.